28 мај 2025
• од Вардарски
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) изрази сериозна загриженост поради, како што велат, повторната неподготвеност на Владата пред претстојната сезона на пожари. Во соопштение до јавноста, партијата обвинува дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ не презела навремени мерки за превенција и справување со потенцијалните пожари, и покрај минатогодишното искуство кога изгоре речиси 10% од територијата на државата.
„Цела година помина, а Владата не најде време да ги сервисира воздухопловите, ниту да ги подготви институциите за летниот ризик. Новиот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, јавно призна дека ништо не е подготвено за навремена реакција при пожари,“ наведуваат од СДСМ.
Од опозицијата потсетуваат дека лани премиерот Христијан Мицкоски ја обвинил СДСМ за „катастрофална состојба“ во системот за заштита од пожари, иако, според СДСМ, токму под негово водство изгореле повеќе шуми отколку во последните две децении.
„Дали и оваа година повторно СДСМ ќе биде виновен за пожарите и за неспособноста на институциите, како што тоа удобно го тврди ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога ќе се соочи со сопствените пропусти?“ – прашуваат од СДСМ.
Дополнително, партијата ја обвини Владата за политичка нестабилност и нефункционалност, наведувајќи дека поради внатрешни караници и распад на коалицијата, дури сега се прават реорганизации во клучните институции, без да се вложи во опрема, човечки капацитети или логистика за спречување на евентуални нови пожари.
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгледа се интересира само за тендери и бизниси со фантомски фирми, додека за реалните потреби и безбедноста на граѓаните нема ниту стратегија, ниту волја“, заклучуваат од СДСМ.
Партијата повикува на итни мерки за зајакнување на капацитетите за справување со пожари и бара отчет од Владата за преземените (или непреземените) активности до сега.