08 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Опозициската партија СДСМ утринава ја обвини Владата за, како што велат, целосен неуспех во справувањето со пожарите и отсуство на организирана реакција. Тие тврдат дека граѓаните повторно се оставени сами да се соочуваат со огнената стихија, додека институциите покажуваат неспособност и импровизирани решенија.
„Само еден ден откако завршија со ПР настапи и фотографирање со адаптирани армиски хермелини, реалноста ги удри по глава и премиерот Христијан Мицкоски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов“, велат од СДСМ.
Партијата потсетува дека минатата година изгореле речиси 10% од територијата на државата, а тогаш, според нив, вината била префрлена на СДСМ. „Во периодот кога ние бевме на власт, во седум години изгоре помалку шума отколку во една година на ДПМНЕ. Ветуваа дека ова лето ќе бидат подготвени, но гледаме исто сценарио – неспособност, незаинтересираност и импровизација“, наведуваат од опозицијата.
СДСМ остро ја критикува Владата за тоа што, и покрај цела година време, не набавила нова опрема, не вработила дополнителни пожарникари и не го подготвила системот за интервенција. „Наместо модерни возила, сега се користат стари армиски хермелини кои не можат ниту да пристапат до тежок терен. Наместо инвестиции во безбедност, Владата лани набави службени возила за функционерите и администрацијата вредни неколку милиони евра“, реагираат од партијата.
Дополнително, СДСМ укажува дека во ек на летната сезона, Владата нуди сезонски работни позиции за 24.000 денари – нешто што партијата го смета за опасна и несериозна импровизација.
„Владата имаше пари за скапи службени коли, за советници со плати од 100.000 денари, но не и за противпожарните единици. Оваа неспособност има реална цена – горат шуми, се уништува имот, се загрозуваат човечки животи“, порачуваат од СДСМ.
На крајот, опозицијата прашува: „Кој е виновен оваа година за пожарите, господине Мицкоски – повторно ли СДСМ?“
Инфлацијата достигна 4,5% – СДСМ обвинува за економска неспособност на Владата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден