06 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
СДСМ остро реагира на изјавите на претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, околу откупната цена на пченицата. Од партијата обвинуваат дека Трипуновски свесно ја манипулира јавноста и земјоделците, посочувајќи дека цената од 12 денари за килограм не е историски рекорд, како што тој тврди.
„Очигледно е дека Трипуновски заборавил дека пченицата во време на жетва се продавала и по 17 денари за килограм, и тоа не така одамна“, стои во соопштението од СДСМ.
Според партијата, реалноста на терен е далеку поинаква од сликата што се обидува да ја прикаже ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ наведува дека само околу 20% од пченицата ќе се откупи по најавената цена од 12 денари за килограм, додека остатокот од 80% ќе оди по цена од 10 денари.
„Трипуновски треба да знае дека земјоделството не се менаџира од канцеларија. Во млиновите цената дополнително се намалува со образложение дека квалитетот не е добар, следуваат одбитоци, и на крај цената не надминува 10 денари“, велат од СДСМ.
Партијата потсетува дека пченицата е стратешка земјоделска култура согласно Законот за земјоделство и рурален развој и токму затоа смета дека ваквиот однос кон производителите е недозволив.
СДСМ обвинува дека земјоделците се понижени и осиромашени од политиките на актуелната влада, со намалени субвенции и укинати мерки важни за оваа гранка.
„СДСМ секогаш ќе биде на страната на земјоделците. Затоа поднесовме амандмани преку ребалансот на Буџетот, со кои бараме дополнителна интервенција од 5 денари по килограм предадена пченица кај откупувачите“, порачуваат од партијата.