18 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
СДСМ жестоко реагираше на роденденската прослава на ВМРО-ДПМНЕ од археолошкиот локалитет „Хераклеја“ во Битола, оценувајќи ја како уште една прилика за, како што велат, промоција на лаги зад нов концепт и слоганот „Најдоброто допрва доаѓа“.
„По четири години локална и една година централна власт, ВМРО-ДПМНЕ нема реален проект со кој може да се пофали. Единственото што го нудат е нова празна приказна – дека допрва ќе работат,“ се вели во реакцијата на СДСМ.
Од партијата посочуваат дека токму археолошкиот локалитет „Хераклеја“ каде што ВМРО-ДПМНЕ ја одржа прославата, е симбол на запоставеноста и неодговорноста. Според СДСМ, во изминатите години не е направено ништо – ниту во поглед на пристапниот пат, ниту на одржувањето на објектот, којшто, велат, „се распаѓа пред очи на граѓаните и туристите“.
„Прашањето е, што чекаа до сега? Дали крадеа и ги полнеа своите џебови, а сега повторно нудат нова лага за наводни проекти кои ќе дојдат?“ прашуваат од СДСМ, додавајќи дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е исполнето со манипулации, празни ветувања и отсуство на конкретни резултати.
СДСМ оценува дека ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребува секој повод за политичка промоција и прикривање на сопствената неспособност, притоа обвинувајќи ја власта пред нив и оправдувајќи ги незавршените работи со флоскули како „доброто допрва доаѓа“.
„Ако имаа волја и капацитет, доброто ќе беше тука – сега,“ порачуваат од СДСМ.
Физички напад во Скопје: Ќерка ја нападнала мајка си и ја оштетила покуќнината
Во Бугарија: Симитли ќе стане тест-полигон за оклопни возила од домашно производство