24 март 2026
• од Тодор Вангелов
Од СДСМ денеска обвинија дека само еден ден по прес-конференцијата на Христијан Мицкоски, повторно е зголемена цената на нафтата за 3,5 денари, при што таа сега изнесува 95,5 денари за литар. „Ова е трето поскапување, со што вкупниот раст достигна 24,5 денари по литар. Толку од ‘мерките’ на Мицкоски. Очигледно е дека тој го покажува своето вистинско лице – нема капацитет ниту за државник, ниту за економска политика, туку е чист дилетант“, велат од партијата.
Од СДСМ посочуваат дека намалувањето на ДДВ од 18% на 10% не дало резултати, бидејќи граѓаните и понатаму плаќаат повисоки цени за горивата, што директно влијае и врз растот на цените на храната.
„Цените во супермаркетите континуирано растат – маслото, јајцата, месото, зеленчукот, сè е поскапо. Граѓаните секојдневно го чувствуваат тоа во своите џебови“, додаваат од СДСМ.
Партијата предупредува дека без итна интервенција во цените на храната, економската криза ќе се продлабочи, а сиромаштијата ќе се зголеми.
„Затоа, Владата мора веднаш да ги прифати предложените мерки од СДСМ: 0% ДДВ за основните прехранбени производи, намалување на акцизите за 4 денари и намалување на ДДВ за горивата на 5%“, порачуваат од СДСМ.
Бугарија влегува во елитата на европскиот мотоспорт со нова тест-писта за Формула 1
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

