04 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
СДСМ со остра реакција до јавноста во врска со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој однесе 62 млади животи и повреди над 200 лица. Партијата обвинува дека и по речиси три месеци од настанот, одговорност сè уште не е утврдена, а истрагата не допира до вистинските виновници, кои според нив се заштитени од власта.
Според соопштението, Обвинителството сè уште не поднело ниту едно обвинение против актуелни функционери, и покрај сериозните сомнежи за нивна вмешаност или пропусти во извршувањето на службените обврски.
„Тоа не е случајност, туку организирана заштита. Клучното прашање е – зошто Мицкоски се плаши од вистината за Кочани? Дали затоа што таа води до врвот на власта?“ прашуваат од СДСМ.
Особено внимание партијата посветува на началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска, за која тврдат дека не презела ништо и покрај службените белешки што укажувале на незаконското работење на „Пулс“. Дополнително, се посочува и на сменоводителот Драган Казак Петрушев, за кого постојат индиции дека бил вмешан во затворањето на дискотеката, како и на началникот на СВР Штип, Дејан Салтировски, за кој се тврди дека фалсификувал документација.
„Не се гонат тие што имале реална моќ и обврска да постапат. Наместо тоа, истрагата се фокусира само на обични полицајци кои ја казниле дискотеката минатата година“, истакнува СДСМ.
Партијата предупредува дека селективната правда е всушност неправда и дека жртвите, нивните семејства и целата јавност заслужуваат вистина и одговорност.
„Го повикуваме Обвинителството да се ослободи од политичкиот притисок и конечно да спроведе независна, професионална истрага. СДСМ нема да молчи. 'Вистината за Кочани' мора да излезе на виделина – и ќе излезе. Одговорност мора да има,“ порачуваат од партијата.