08 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) повторно алармира за сериозни закани врз демократските процеси и медиумскиот простор, посочувајќи на меѓународни потврди за влијанието на странски фактори во регионот.
Како што истакна портпаролката Богданка Кузеска, реномираниот весник The New York Times го потврди она на што СДСМ долго време предупредува – дека Виктор Орбан, близок сојузник на Христијан Мицкоски, претставува канал преку кој руското влијание се прелева во Европа и во рамките на НАТО.
Според објавените информации, руски структури и дезинформациски мрежи активно делуваат во политичкиот систем на Унгарија, со цел одржување на власта на Орбан. Како пример се посочува и последната „false-flag“ операција поврзана со лажни вести за наводни „експлозиви во Кањижа“, што, според СДСМ, претставува класичен модел на манипулација.
Оваа матрица, нагласуваат од партијата, не е изолиран случај. Истите методи – медиумска контрола, црни кампањи и ширење дезинформации – се применуваат и во Македонија, со цел политичко влијание и одржување на структури блиски до опозицијата.
СДСМ укажува дека мрежата поврзана со Орбан има значително присуство и во македонскиот медиумски простор, со тврдења дека над 40% од медиумите се под директно или индиректно влијание кое служи за политички и бизнис интереси поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата ја дефинира оваа појава како дел од поширока регионална „авторитарна оска“ – Орбан, Јанез Јанша, Александар Вучиќ и Мицкоски – која функционира преку координирани механизми: контрола на медиуми, создавање кризи, ширење страв и анти-ЕУ пропаганда, со потенцијални врски со руски интереси.
Дополнително, СДСМ посочува дека отпорот кон отворање на досиејата на УДБА е дел од истата логика на прикривање на минати и сегашни влијанија, што директно се коси со европските стандарди и процесот на евроинтеграција.
Во таа насока, СДСМ бара:
„Време е да се стави крај на оваа мрежа на манипулации. Македонија заслужува слободни медиуми, транспарентни институции и демократска иднина“, порача Кузеска.
СДСМ останува посветен на, како што велат, изградба на европска Македонија, заснована на владеење на правото, слобода на медиумите и отпорност на надворешни влијанија.
Османи: Владата се обидува протестите да ги прикаже како политички мотивирани
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

