19 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Со најновата најава за линеарно покачување на пензиите од само 1.000 денари, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го покажува своето лицемерие и длабокото потценување на пензионерите.
Додека беа во опозиција, тие ги нарекуваа зголемувањата од 5% „бедни“, а сега испорачуваат зголемување што е дури и помало од тоа. Ветеното покачување од 2.500 денари – кое го ветија јавно и гласно – сега се сведува на симболични 1.000 денари. Тоа не е одговорно владеење, туку груба измама кон највозрасните граѓани на нашата држава.
Се поставува прашањето: дали егзистенцијата на пензионерите треба да се третира со толкав степен на нечесност и понижување? Одговорот е јасен – не.
Одговорноста сега е кај ВМРО-ДПМНЕ: зошто ветуваа едно, а испорачуваат нешто сосема друго, нешто што не само што не помага туку и навредува?
Јасно е – ВМРО-ДПМНЕ нема ниту визија ниту вистинска грижа за пензионерите. Животот стана поскап – трошоците за живот во изминатата година се зголемени за над 6.000 денари, а тие нудат покачување кое не ги покрива ниту најосновните трошоци.
Наместо системски, одржливи и праведни решенија кои би значеле континуирано унапредување на пензискиот стандард, гледаме ad hoc, популистички потези без економска основа. Потези кои ја загрозуваат стабилноста на пензискиот систем и кои се водени исклучиво од дневнополитички интереси.
Ова е опасно и неодговорно. Пензионерите заслужуваат повеќе – заслужуваат почит, стабилност и сигурност, а не предизборни манипулации и евтини поткупи.
СДСМ укажува – проблемите не се решаваат со манипулации и понижувачки суми, туку со системски пристап, одговорно управување и вистинска грижа за граѓаните.
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство