04 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Во својата последна изјава, премиерот Христијан Мицкоски се обиде да прикаже слика на економска стабилност и напредок. Но, реалноста што секојдневно ја живеат граѓаните на Македонија е сосема поинаква – економијата е на колена, а стандардот на народот доживува слом.
Сè повеќе семејства едвај успеваат да го истераат месецот, борејќи се со секојдневни поскапувања, ниски плати, празни фрижидери и празни паричници. Во такви услови, единствениот кој, очигледно, „убаво живее“ е самиот Мицкоски, кој изгледа како да функционира во паралелен свет, отсечен од реалноста на обичниот граѓанин.
Тврдењата за „добра економска слика“ се провидна манипулација која не може да ги сокрие суровите факти: платите стагнираат, цените растат, а стандардот на живот опаѓа. Граѓаните имаат сè помалку пари, а Владата не ги исплаќа навреме повратите на ДДВ, доцни со субвенциите за земјоделците, и не реализира капитални инвестиции.
Покрај тоа, индустриското производство, еден од клучните индикатори за здравјето на економијата, бележи пад од 0,8% во февруари 2025 во споредба со истиот месец претходната година. Инфлацијата, која изнесува 3%, го анулира секој наводен раст и ја прави секоја владина фалба бесмислена.
Во вакви околности, изјавите за „економија што цвета“ звучат цинично и навредливо за народот кој живее во сиромаштија. Македонската економија не напредува – таа стагнира. Народот не живее подобро – туку осиромашува.
Вистината е јасна: додека Владата на Мицкоски се обидува да нацрта розова слика, граѓаните секој ден ја чувствуваат сивата и сурова реалност.