17 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Според најновите податоци на Евростат, Македонија се наоѓа на претпоследното место во Европа по висината на минималната плата, веднаш пред Албанија. Дополнително, земјата бележи и најнизок стандард на куповна моќ, со индекс под 750, што ја става зад земји како Литванија, каде истиот показател изнесува 878.
СДСМ реагираше остро на овие податоци, обвинувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ за економската стагнација и за блокирање на клучни мерки за зголемување на платите и подобрување на животниот стандард. Според партијата, токму одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи предложените реформи довело до ситуација во која македонските граѓани се соочуваат со ниски примања и растечки трошоци за живот.
„Додека европските држави ги зголемуваат платите и им помагаат на граѓаните, кај нас се блокира секој закон што носи напредок“, стои во соопштението на СДСМ. Партијата посочува дека биле одбиени нивните предлози за ново покачување на минималната плата, мерки за раст на платите во приватниот сектор, како и предлози за директно намалување на цените на основните прехранбени производи.
СДСМ ја обвинува владејачката структура дека ги штити интересите на големите компании и дека се фокусира на трошење на јавни средства за непродуктивни цели, наместо да обезбеди достоинствен живот за граѓаните.
Во својата реакција, СДСМ потсетува дека за време на нивното владеење минималната плата пораснала од 9.000 на над 20.000 денари, бил донесен закон за усогласување на платите со трошоците за живот, и биле имплементирани антикризни мерки и пакети поддршка во вредност од 2,6 милијарди евра. Платите во приватниот сектор почнале да растат, а стандардот се подобрувал.
„Денес гледаме целосна стагнација. Нема ниту антикризна мерка, ниту зголемување на плати. Само политички калкулации и игнорирање на реалните потреби на граѓаните“, наведуваат од СДСМ.
Партијата порача дека ќе продолжи да се залага за зголемување на платите, економски реформи и подобрување на стандардот. „Македонија заслужува повеќе. Работниците заслужуваат повеќе“, завршува соопштението.