13 април 2026
• од Станча Јаќимовски
СДСМ во денешното соопштение за јавност оцени дека резултатите од парламентарните избори во Унгарија претставуваат „историски пресврт“ и јасна победа на демократските вредности над автократските режими.
Според СДСМ, граѓаните на Унгарија „јасно и гласно рекоа дека е доста од автократија“, ставајќи крај на 16-годишното владеење на Виктор Орбан. Од партијата наведуваат дека поразот на Орбан означува пад на, како што велат, „недемократски режим“.
Во соопштението се истакнува дека убедлива победа на изборите остварила партијата Тиса, предводена од Петер Маѓар. Според СДСМ, ова не е само партиска победа, туку „победа на демократијата над автократијата, на Европа над руското и кинеското влијание и на владеењето на правото над корупцијата“.
Партијата исто така упати критики кон ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека со падот на Орбан, како нивен „единствен сојузник во Европската Унија“, се затвораат можностите за, како што велат, политичка и бизнис поддршка. Во тој контекст се споменува и случајот со Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија.
СДСМ во соопштението додава дека „паѓаат автократските режими“ и дека следни на ред се политички промени во регионот, посочувајќи ги Александар Вучиќ и Христијан Мицкоски.
„Регионот припаѓа на Европа, а не на Русија“, се наведува во пораката, со заклучок дека исходот од изборите во Унгарија испраќа силен сигнал дека „времето на автократите завршува“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

