16 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола, според СДСМ, претставува уште една алка во бизнис мрежата на Христијан Мицкоски во енергетскиот сектор. Од партијата велат дека оваа мрежа континуирано ја открива нивниот Антикорупциски тим и дека станува збор за систем на поврзани интереси во енергетиката.
Според СДСМ, Куковски е лице блиско до семејството на Мицкоски, а претходно бил советник на министерката за енергетика Сања Божиновска. Од партијата тврдат дека Мицкоски систематски поставува луѓе блиски до него на клучни позиции во енергетскиот сектор, кој, како што велат, е негов „омилен бизнис“.
Од СДСМ посочуваат дека РЕК Битола е клучна алка во оваа мрежа, бидејќи намаленото производство на електрична енергија во домашните капацитети значи поголема потреба од увоз на струја по повисоки цени. Според нив, таа цена на крајот ја плаќаат граѓаните преку повисоки сметки за електрична енергија.
Партијата наведува дека во 2024 и 2025 година загубите на ЕСМ надминале 200 милиони евра, додека производството на струја било на историски најниско ниво. Наместо планираните околу 5.000 гигават-часови, произведени биле само околу 3.000 GWh.
Во соопштението се посочува и на наводни врски во поширока бизнис мрежа, која, според СДСМ, се протега од офшор компании на Кипар, преку Адамовиќ и „Руднап груп“, па сè до поврзаноста со министерката Божиновска и Развојната банка, како и до РЕК Битола.
Од СДСМ прашуваат дали поради овие врски на ВМРО-ДПМНЕ им пречи кога се споменуваат врските со СНС и српскиот претседател Александар Вучиќ.
„За Мицкоски сè е бизнис, а најомилен му е бизнисот со струја. Затоа, кога ќе ви стигнат високите сметки за струја – сетете се на Мицкоски и Адамовиќ“, се наведува во соопштението.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

