11 јуни 2025
• од Гоце Кически
На денешната прес-конференција, Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ, ја обвини Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски за „тотален дебакл“ на економски план. Според СДСМ, економските политики на Владата се целосно промашени, а последните бројки за инфлација се потврда за тоа.
„Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат инфлација од 3,3%. Овие бројки не се само статистика – тие се реалноста во секој македонски дом, во секое македонско семејство“, изјави Костова.
СДСМ предупредува дека инфлацијата директно го јаде семејниот буџет и платите, при што „животот за граѓаните станува купи ден – помини“. Костова посочи дека покачувањето на трошоците и намалената куповна моќ негативно се одразуваат и на економскиот раст.
„Мицкоски лажно зборуваше за раст на БДП од 3,4%, кога реалноста е 3%. Но, со инфлација од 3,3%, тоа не е раст – тоа е негативен биланс. Македонскиот БДП по жител е само 42% од просекот на ЕУ, а земјите во регионот, како Србија и Црна Гора, стојат подобро од нас“, нагласи таа.
Опозицијата критикува дека владата не нуди решенија за заштита на животниот стандард, туку го игнорира страдањето на граѓаните. Костова истакна дека наместо помош за работниците, власта обезбедила покачување на платите само за функционерите.
„Без срам, министерката за финансии тврди дека повисоките плати за работниците би ја зголемиле инфлацијата. Тоа е врв на безобразие. Работниците не заслужуваат вакво понижување“, рече Костова.
СДСМ побара итна промена на економскиот курс и преземање мерки за зголемување на платите на работниците, со цел заштита на животниот стандард на македонските граѓани.