МАКЕДОНИЈА

СДСМ го критикува Славески: Со плата од 3.000 евра, им порача на граѓаните да работат по три работи

12 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Опозициската партија СДСМ денеска жестоко реагираше на изјавите на новоименуваниот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, кој во интервју за ТВ21 изјави дека „не е срамота да се работи по две-три работи“, алудирајќи дека минималната плата не гарантира достоен живот.

„Ова е лицемерие од човек кој цел живот бил во фотелји, со месечна плата од над 3.000 евра. Наместо да се бори за подобар стандард, Славески ги поучува граѓаните да се распарчуваат на три работни места за да преживеат“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Партијата го обвинува Славески дека уште од првиот ден на функцијата го покажал својот „надмен лик, без допир со реалноста“ и дека стои на страната на крупниот капитал, а не на обичните граѓани кои секојдневно се соочуваат со инфлација, раст на цените и ниски плати.

СДСМ исто така го критикува отпорот на гувернерот кон замрзнување на маржите и цените, нарекувајќи го „отворена поддршка за профитите на трговските ланци“. Партијата предупредува дека Славески, како гласноговорник на економската елита, не може да биде заштитник на интересите на македонските граѓани.

„Дали Христијан Мицкоски стои зад овие ставови? Дали тој го поддржува ова потценување на народот од страна на човек кој мисли дека борбата за достоинствен живот е извртување на вистината?“ прашува СДСМ.

Во реакцијата се наведува и дека Славески, како поранешен претседател на Советот на Град Скопје, придонел за „уништување на градот“, и сега како гувернер, наводно ќе продолжи со уништување на монетарната политика во земјата.

„Трајко Славески не е човекот што ѝ треба на Народната банка, а уште помалку на македонскиот народ“, заклучува соопштението на СДСМ.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени