05 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Цените на основните прехранбени производи во Македонија продолжуваат да растат, додека Владата предводена од Христијан Мицкоски не презема конкретни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните.
Секојдневието станува сè потешко. Чекањето и пасивноста на институциите претставуваат директен удар врз граѓаните кои веќе едвај врзуваат крај со крај. Секое одење во маркет значи нов финансиски товар за семејствата.
Лебот поскапува, цените на зејтинот, млекото, јајцата, овошјето и зеленчукот бележат континуиран раст, додека платите не го следат истиот тренд. Разликата помеѓу приходите и трошоците се продлабочува, а стандардот на граѓаните опаѓа.
Во вакви услови, секоја одговорна влада би презела итни и конкретни мерки: би интервенирала за стабилизација на цените, би ги заштитила најранливите категории и би инвестирала во зајакнување на домашното производство.
Но Владата не прави ништо.
Дополнително, високите цени на нафтата на светските берзи најавуваат нов бран поскапувања. Секое одложување на мерки значи уште поголем притисок врз граѓаните, продлабочување на сиромаштијата и понатамошно намалување на куповната моќ.
Според податоците на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, глобалните цени на храната растат втор месец по ред, при што индексот на житарките е зголемен за околу 5%. Ова е јасен сигнал дека ценовниот притисок ќе продолжи и во наредниот период.
Македонија како увозно зависна економија е особено ранлива на ваквите глобални шокови. Недоволното домашно производство значи дека нови поскапувања се неминовни.
Социјалдемократски сојуз на Македонија бара итни и конкретни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и стабилизација на цените.
Празните џебови и празните фрижидери не можат да чекаат. Време е за одговорност и конкретна акција.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

