13 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
По најновата акција на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција (ОЈО ГОК), СДСМ излезе со остар став, барајќи итни оставки и кривична одговорност за директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Според соопштението на СДСМ, вчерашното апсење на полициските службеници е потврда дека партијата од самиот почеток ја зборувала вистината во серијалот „Вистината за Кочани“, каде ги посочи уапсените како лица директно одговорни за дозволување на нелегалното работење на фирмата „Пулс“. Токму оваа фирма се поврзува со трагичниот пожар во кој загинаа 62 деца.
„Оваа акција е резултат на факти и јавен притисок. Но, факт е и дека четири месеци Јанев, Тошковски и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваа да ги заштитат своите кадри и да ја прикријат вистината,“ се наведува во реакцијата.
СДСМ директно обвинува дека Јанев и Тошковски не само што не постапиле соодветно, туку и активно ги бранеле своите функционери, вршеле притисок врз обвинителството и ја довеле јавноста во заблуда. „Јанев, како прв човек на БЈБ, е одговорен за постапките на своите подредени, затоа мора веднаш да поднесе оставка и да се соочи со кривична одговорност,“ стои во соопштението.
Партијата го обвинува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека трагедијата ја користел за политички напади и за одвлекување внимание од вистинските виновници. „Мицкоски ги лажеше родителите, ја манипулираше јавноста и се обидуваше да ја задуши вистината“, тврди СДСМ.
„Без одговорност за Јанев, Тошковски и Мицкоски – нема целосна правда. А правда за Кочани мора да има,“ завршува партијата.