11 јуни 2025
• од Тодор Вангелов
СДСМ излезе со остра реакција на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој побара објаснување зошто неговата Влада била окарактеризирана како авторитарна.
„Во изминатата година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведе длабока партизација на сите независни институции,“ се наведува во соопштението на СДСМ. „Партиски кадри се именуваат на директорски и советнички позиции, како и во управни одбори, со што институциите се претвораат во продолжена рака на партијата.“
Според СДСМ, судството и јавното обвинителство се ставени под целосна контрола, а за актуелни функционери не се водат никакви истраги. „Судиите се избираат од кругот на сопрузи, баџанаци и братучеди на функционерите од власта,“ предупредуваат од СДСМ.
Партијата остро реагира и на односот на премиерот кон медиумите. „Последниот пример со заканите кон новинарката на ‘Ал Џезира’ покажува отсуство на толеранција кон медиумската критика. Истовремено, се плаќаат медиуми преку компании од Унгарија кои ја промовираат работата на Владата,“ стои во соопштението.
СДСМ ја обвинува власта и за притисоци врз синдикатите и локалните власти, каде ВМРО-ДПМНЕ нема мнозинство. „Видливи се обиди за воспоставување паралелни организации и деградирање на луѓе кои со години чесно работеле,“ велат од СДСМ.
Партијата го критикува и односот на Владата кон Собранието, посочувајќи дека дебатата е целосно укината, а пратениците се претворени во „гласачки машини“. „Не се прифаќаат ни логични амандмани во интерес на граѓаните. Закони со далекусежни последици се носат без јавна расправа,“ се наведува во реакцијата.
Како посебно загрижувачки пример, СДСМ ја посочува одлуката за задолжување на државата за седум милијарди евра, без никаква дебата. „Авторитарните лидери како Мицкоски сметаат дека државата е нивна својина и имаат право да ја задолжат за три поколенија,“ заклучуваат од СДСМ.