12 март 2026
• од Станча Јаќимовски
СДСМ остро реагираше на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој граѓаните и работниците што се соочуваат со тешка економска состојба ги нарече „хистерични“.
Од партијата оценуваат дека таквата изјава е „срамна и безобразна“, особено во време кога голем број граѓани се борат со секојдневните трошоци и едвај успеваат да ги задоволат основните потреби.
Според СДСМ, повеќе од 200.000 работнички семејства во државата живеат тешко и се соочуваат со сериозни финансиски предизвици. Наместо разбирање за нивната состојба, велат од партијата, Мицкоски ги нарекува хистерични затоа што бараат повисоки плати.
„Со часовници од 60.000 евра, вредни колку 150 минимални плати, Мицкоски ги прави хистерични работниците затоа што бараат плата од 600 евра“, наведуваат од СДСМ.
Од таму нагласуваат дека барањето за повисоки плати не е хистерија, туку легитимна борба за достоинствен живот. Според нив, граѓаните имаат право да бараат услови со кои ќе можат да обезбедат пристојна егзистенција – леб на масата, храна во фрижидерот, редовно плаќање на сметките и образование за своите деца.
СДСМ предупредува дека ситуацијата дополнително се влошува со растот на цените. Со поскапувањето на горивата, велат, се очекува нов бран поскапувања на храната и останатите производи, што дополнително ќе го зголеми притисокот врз семејните буџети.
Во такви услови, од партијата сметаат дека изјавата на Мицкоски дека утре работниците ќе барале 800 евра плата е несоодветна и покажува недостиг на разбирање за реалните економски проблеми со кои се соочуваат граѓаните.
„Не е хистерија барањето за 600 евра плата – тоа е борба за живот. Авион од 100 милиони евра, мерцедеси од 650.000 евра, очила и часовници од над 60.000 евра – тоа е хистерија“, се наведува во реакцијата на СДСМ.
Беким Фазлиу: Ако „Фармата на животните“ беше за РСМ, ќе имаше и Уставна штала
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

