16 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Опозициската партија СДСМ обвинува дека актуелната власт предводена од Христијан Мицкоски спроведува нетранспарентна и сомнителна тендерска политика, додека истовремено, како што велат, нема средства за зголемување на минималната плата и ги кратат субвенциите за земјоделците.
Според партијата, Владата нема обезбедено средства за минимална плата од 600 евра, ниту за поддршка на земјоделците, при што биле кратени околу 40 милиони евра субвенции. Од друга страна, според нивните тврдења, се издвојуваат средства за луксузни набавки – нов авион, мебел, службени возила и скапи часовници.
СДСМ посочува дека фирмата Ленди Груп ДООЕЛ Скопје во период од две години добила вкупно 74 тендери во вредност од 17,6 милиони евра.
Партијата наведува дека наглиот раст на договорите започнал во 2024 година и продолжил во 2025 година. Само во текот на минатата година биле склучени 59 договори, најголем дел со општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ.
Како особено симптоматично, од СДСМ го посочуваат фактот што вредноста на склучените договори речиси целосно се поклопувала со проценетата вредност на тендерите. Според нив, ваквата појава претставува класичен индикатор за можни наместени јавни набавки.
Дополнително, партијата наведува и други примери на, како што велат, концентрација на тендери кај фирми блиски до власта – 161 тендер за семејна фирма на Томовски и 51 тендер за друга фирма преку општини.
СДСМ обвинува дека повеќе од 54 дена нема реакција од надлежните институции, вклучително и Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата и Финансиската полиција.
Од партијата најавуваат дека нивниот антикорупциски тим ќе продолжи со, како што велат, разоткривање на шемите со криминални тендери и порачуваат дека „одговорност ќе има“.
„Работата не е завршена“, стои во партиското соопштение.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

