09 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Владата на Христијан Мицкоски најави мегаломански проект од „10 милијарди евра за инфраструктурни проекти во следните 10 години“. Но, зад овие бомбастични бројки не се крие визија за економски напредок, туку нов, опасен должнички аманет кој ќе го отплаќаат идните генерации, алармираат од опозициската СДСМ.
Од партијата посочуваат дека ова не е никаква стратегија за развој, туку класична ПР-пропаганда која ја турка државата кон економски колапс.
Бројките покажуваат загрижувачки тренд на неконтролирано трошење. Според податоците на СДСМ, Мицкоски за нешто повеќе од две години веќе го зголеми јавниот долг на Македонија за над 2,3 милијарди евра нов долг.
„Ако се реализираат дури и дел од овие нови најави, долгот ќе надмине 12 до 13 милијарди евра – и тоа само како нов долг. Тоа автоматски значи повисоки каматни стапки, поскапо и потешко позајмување на меѓународните пазари и драматично помалку пари во буџетот за плати, пензии и социјални услуги за граѓаните“, предупредуваат од опозицијата.
Иако најавата тежи астрономски 10 милијарди евра, суштината на проектите е поразителна. Планот предвидува изградба на едвај 57 километри автопат за цела деценија, што математички значи мизерни 5,7 километри годишно.
Од СДСМ нагласуваат дека ваквото темпо е патетично и крајно недоволно за сериозен економски раст, модернизација и инфраструктурно поврзување на земјата со регионот и Европа.
Најголемиот аларм се парите – поточно, фактот што владата нема поим од каде ќе ги обезбеди овие 10 милијарди евра. Економската реалност во земјата е деструктивна:
Бидејќи нема реален прилив на пари, единствениот извор што му преостанува на Мицкоски е ново, уште побрутално задолжување на грбот на граѓаните.
Наместо да се фокусира на вистински економски развој преку продолжување на европскиот пат и подобрување на деловната клима за домашните и странските компании, владата произведува празни памфлети без никаква финансиска и институционална поткрепа.
„Крајниот резултат од ваквите егзибиции на власта ќе биде уште поголем јавен долг, задушена економија и, на долг рок, сериозен пад на животниот стандард на секој еден граѓанин“, децидни се од СДСМ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

