Родителите на загинатите малолетници во „Пулс“ добиле закани дека ќе одговараат
Родителите на малолетните лица кои трагично ги загубија животите во клубот „Пулс“ се соочуваат со нова болка и притисок. Според последните информации, тие добиле закани дека ќе сносат одговорност поради нивната борба за правда.
Наместо поддршка и сочувство, семејствата, кои сѐ уште ја преболуваат загубата на своите деца, се соочуваат со директни притисоци. Некои од родителите изјавиле дека преку анонимни пораки и повици им било порачано дека ќе бидат изведени пред суд, со цел да бидат замолчани и обесхрабрени да продолжат со откривање на сите околности поврзани со трагедијата.
Инцидентот во „Пулс“ предизвика голема вознемиреност во јавноста, а барањата на родителите за целосна истрага и одговорност сѐ уште не се исполнети. Заканите што ги примаат дополнително ја зголемуваат недовербата во институциите и ги поттикнуваат сомнежите дека некој се обидува да ја сокрие вистината.
Родителите најавуваат дека нема да се откажат од нивната борба, и покрај заканите и притисоците. Тие бараат транспарентност, правда и одговорност од сите инволвирани во трагичниот настан.
Јавноста сè погласно ги поддржува нивните напори, а повеќе здруженија за човекови права и активисти веќе побараа итна реакција од надлежните органи за да се заштитат родителите и да се обезбеди непристрасна истрага.