14 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Репрезентативецот на Албанија и фудбалер на шкотскиот клуб Глазгов Ренџерс, Недим Бајрами, доби мурал на ѕидот од спортската сала во средното училиште „Ѓоце Стојчевски“ во Тетово. Муралот е израз на почит за неговиот историски настап на Европското првенство – ЕУРО 2024, каде што Бајрами постигна најбрз гол во историјата на турнирот, против Италија, по само 23 секунди игра.
Иако роден надвор од Македонија, Бајрами има длабоки корени во овој регион – неговиот татко е од Тетово, а мајка му од Гостивар. Со овој симболичен гест, Тетово му оддава признание на своето дете, кое стана гордост не само за Албанците, туку и за целиот регион.
Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, преку емотивна објава го поздрави поставувањето на муралот:
„Недим Бајрами, синот на Тетово и гордост на Албанците, денес го зазеде своето заслужено место во срцето на својот град. Мурал со срце, црвено-црно срце!“
Муралот, кој го красат боите на албанското знаме, веќе привлекува внимание на минувачите и спортските ентузијасти, станувајќи нова точка на гордост за тетовци и љубителите на фудбалот.