10 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Во 2024 година, рекорден број од 2.805 македонски граѓани добија германско државјанство, што е повеќе од четири пати повеќе во споредба со 2023 година кога оваа бројка изнесуваше 665. Оваа информација доаѓа од Сојузниот завод за статистика во Визбаден, кој објави дека вкупно 291.955 странци биле натурализирани во Германија минатата година, што е најголем број од 2000 година наваму.
Од вкупно 2.805 Македонци кои добиле германско државјанство во 2024 година, 1.375 се мажи, а 1.430 се жени. Возрасната структура покажува дека 560 од нив се малолетници, а просечната возраст на сите натурализирани македонски граѓани е 30,8 години.
Германија забележува значителен пораст на натурализации од земјите на Западен Балкан. По Косово, од каде што 7.480 граѓани добиле германско државјанство, и Србија со 4.675, Северна Македонија е на трето место. Следуваат Босна и Херцеговина со 3.905 и Албанија со 3.115 натурализирани граѓани. Црна Гора има најмал број со 355 граѓани.
Сојузниот завод за статистика го објаснува овој рекорден пораст со законските измени кои стапија на сила во јуни 2024 година, како дел од модернизацијата на Законот за државјанство. Според новиот закон, кандидатите имаат можност да го задржат своето претходно државјанство, а потребниот период на престој во Германија е скратен од осум на пет години. Дополнително, за лица со добри академски или професионални резултати, периодот може да се скрати на само три години. Статистичките податоци покажуваат дека приближно седум проценти од натурализациите во 2024 година се случиле по скратен период на престој поради посебни постигнувања.
Најголем број на натурализирани граѓани во 2024 година се Сиријци, сочинувајќи 28% од вкупниот број. Потоа следуваат турски (8%), ирачки (5%), руски (4%) и авганистански (3%) државјани. Меѓу петте најчести националности, најголем пораст, од 551%, е забележан кај руските државјани, чиј број се зголеми на 12.980.