29 мај 2025
• од Вардарски
Пратеникот Реџеп Исмаил од редовите на Левица остро реагираше на предлогот за избор на Трајко Славевски на висока државна функција, посочувајќи дека Славевски има минато исполнето со расистички и дискриминаторски изјави насочени кон ромската заедница.
„Во 2024 година Трајко Славевски беше осуден од страна на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поради расистички испади. Станува збор за изјави кои јас, како пратеник и како човек, не сакам ниту да ги повторам. Срам ми е да ги спомнувам“, изјави Исмаил од собраниската говорница.
Тој го повика медиумите и јавноста да ги проверат фактите, додавајќи дека не станува збор за политички напад, туку за суштински проблем со вредностите кои се промовираат во институциите.
„Верувам дека македонската јавност ќе провери за какви изјави станува збор и ќе сфати колку е неодговорно лице со такво минато да биде предложено за каква било функција, особено во контекст на институционалната борба против дискриминација и корупција“, нагласи Исмаил.
Пратеникот оцени дека изборот на Славевски не само што претставува чекор назад во градењето праведно општество, туку и испраќа опасна порака дека расизмот може да биде игнориран или дури награден со политичка моќ.
„Не можеме да дозволиме човек осуден за расизам да биде претставник на владеачкото мнозинство. Тоа значи легитимирање на дискриминацијата. Освен тоа, тој е симбол и на политиките кои го продлабочуваат јазот меѓу богатите и сиромашните“, заклучи Исмаил.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, минатата година, донесе одлука со која ги потврди наводите против Славевски, оценувајќи дека неговите изјави се спротивни на Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Расчистен случајот со пукањето во Тетово – лишени од слобода двајца малолетници
Проф. Стефан Дечев: Пиринска Македонија е единствениот слободен македонски краj