Расте цената на струјата
Расте цената на струјата.
Неофицијални информации велат дека ЕСМ дале понуда нивната струја на универзалниот снабдувач да му ја продаваат за 5 отсто повеќе. Тоа значи дека од сегашните 57 евра цената за мегават час ќе се зголеми на 60 евра.
Какви ќе бидат сметките на граѓаните, ќе се знае за неколку дена.
На 20-ти е аукцијата, а одлуката за новата цена ќе се донесе до крајот на јуни. Досегашната пракса покажува дека на тендерот на Универзалниот снабдувач никој досега не понудил пониска цена за струјата од онаа на државните електрани.
Дополнително, според информациите, ЕСМ нема да покрива 100% од потребите, туку дваесетина проценти помалку.