21 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Судскиот процес против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, повторно се враќа на самиот почеток, откако судијата Ненад Савески беше избран за републички јавен обвинител. Со неговото заминување од судската функција, предметот ќе мора да биде прераспределен на нов судија преку АКМИС системот, што значи дека ова ќе биде трет судија кој ќе постапува по случајот.
Претходно, предметот во Основниот кривичен суд Скопје го водеше судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска, по што постапката ја презеде Савески.
Станува збор за случајот „Софтвери“, кој веќе пет години се наоѓа пред судските органи. Предметот се однесува на спорни тендери, набавка на софтвери и исплата на хонорари. Обвинението против Рашковски беше поднесено во октомври 2021 година, а првостепената пресуда беше донесена во јули 2023 година, кога тој беше осуден на осум години затвор.
Меѓутоа, Апелацискиот суд во средината на 2024 година ја укина пресудата и го врати предметот на повторно судење. Во моментот, постапката беше во фаза на изведување докази, но со новата прераспределба се отвора можност за дополнително пролонгирање на процесот.
Во текот на повтореното судење, еден од обвинетите – професорот од ФИНКИ, Ивица Димитровски – призна вина. Постапката за него беше раздвоена, а на 17 декември 2025 година судот донесе пресуда врз основа на признание. Со неа, Димитровски беше условно осуден на две години затвор, со рок од пет години во кои не смее да стори ново кривично дело. Дополнително, му беше наложено да ја надомести штетата и му беше изречена забрана за учество во јавни набавки во период од пет години.
За останатите обвинети, меѓу кои и Рашковски, постапката продолжува, но со нов судија. Ова повторно го отвора прашањето за ефикасноста на судството и времетраењето на судските постапки, особено во случаи со висок јавен интерес.
Државниот врв со честитки за Фитр Бајрам: пораки за мир, солидарност и соживот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

