25 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
За првпат од воведувањето на системот „Безбеден град“, во текот на вчерашниот ден не е регистриран ниту еден прекршок за поминување на црвено светло, соопшти Министерство за внатрешни работи. Ова претставува значаен показател за зголемена сообраќајна дисциплина и потенцијален ефект од засилените контроли и автоматизираниот надзор.
Според официјалните податоци, системот во текот на денот евидентирал вкупно 526 сообраќајни прекршоци. Од нив, дури 504 се однесуваат на управување возило со брзина поголема од дозволената, што укажува дека пречекорувањето на брзината и понатаму останува најчест вид сообраќаен прекршок.
Дополнително, регистрирани се 22 прекршока за управување возило со сообраќајна дозвола со изминат рок на важност.
Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден биле изречени и 17 мерки забрана за управување со возило, сите поради брзо возење. Од нив, 13 санкции се изречени за управување со брзина поголема од 80 километри на час во населено место, додека четири се однесуваат на надминување на ограничувањето за повеќе од 10 километри на час над дозволеното според категоријата на возилото.
Интересен податок е дека од вкупниот број регистрирани прекршоци, 84 се сторени од возачи кои управувале возила со странски регистарски таблички.
Во рамките на дозволената техничка толеранција при мерење на брзината, системот „Безбеден град“ вчера толерирал вкупно 3.336 возачи, што значи дека кај нив било констатирано минимално пречекорување кое не резултирало со санкција.
Иако отсуството на прекршоци за поминување на црвено светло претставува позитивен сигнал, статистиката покажува дека непочитувањето на ограничувањата на брзината и понатаму останува сериозен безбедносен предизвик на патиштата.
Бугарија меѓу водечките дестинации за германски инвестиции во Југоисточна Европа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

