31 мај 2025
• од Станча Јаќимовски
По еден месец потрага, украденото товарно возило на Армијата на Република Македонија (АРМ) конечно е пронајдено. Возилото од марката „Ивеко“ со скопски регистарски таблички, кое беше украдено ноќта меѓу 27 и 28 април 2025 година од автосервис во скопската населба Гази Баба, е пронајдено на паркинг простор во општина Кисела Вода.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во Секторот за внатрешни работи – Скопје, од страна на АРМ било пријавено дека возилото е лоцирано. Полицијата веднаш излегла на терен и го обезбедила возилото.
„Вчера во СВР Скопје од АРМ е пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Кисела Вода е пронајдено нивно товарно возило ‘Ивеко’ со скопски регистарски ознаки, за кое беше пријавено дека било одземено ноќта на 27/28.04.2025 од автосервис на подрачјето на Гази Баба“, соопштија од полицијата.
Во моментов се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а полицијата работи на утврдување на идентитетот на сторителот или сторителите, како и на околностите под кои било украдено и подоцна оставено возилото.
Зголемени плати и нови инвестиции во големо државно фабричко претпријатие во Бугарија
Расчистен случајот со пукањето во Тетово – лишени од слобода двајца малолетници