14 март 2026
• од Станча Јаќимовски
На 14 март 2026 година, околу 09:10 часот, во Одделението за внатрешни работи во Гостивар било пријавено дека во водите на реката Вардар е пронајдена автоматска пушка.
Според информациите, лицето М.Б. од Гостивар ја пријавило пронајдената пушка откако ја забележало во реката. По пријавата, надлежните служби биле известени за случајот.
Екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар ќе изврши увид на местото на настанот со цел да се утврдат околностите под кои оружјето се нашло во реката, како и евентуалната поврзаност со други настани.
Надлежните институции продолжуваат со понатамошна постапка и истрага за случајот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

