03 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарската лингвистка и дијалектолог проф. д-р Ана Кочева остро реагираше на содржината на последниот извештај на европратеникот Томас Вајц за Република Северна Македонија пренесвуа АКТУЕЛНО, особено на деловите во кои се зборува за „вековен македонски идентитет“ и „вековна историја на македонскиот јазик“. За неа, ваквите тврдења не се поткрепени со реални историски и лингвистички докази и се дел од политички проект кој трае од средината на 20 век.
Проф. Кочева јасно истакнува: „Македонскиот идентитет како етно-национален концепт е производ на Титова Југославија. Пред тоа, не постои ниту една историска, културна или јазична структура што би го потврдила постоењето на посебна македонска нација.“
Според неа, сите дејци на Преродбата на територијата на денешна Северна Македонија се самоидентификувале како Бугари, а нивниот книжевен јазик бил бугарскиот. „Мисирков, Димитар и Константин Миладинови, Рајко Жинзифов – сите тие пишувале на бугарски и се изјаснувале како Бугари“, вели Кочева.
Како коавторка на публикацијата на Бугарската академија на науките „За официјалниот јазик на Република Северна Македонија“, Кочева истакнува дека современиот македонски јазик е административно кодифициран во 1945 година, со силна интервенција на тогашната југословенска држава. „Тоа не е резултат на органско, културно-историско развивање на јазикот, туку на политичка одлука“, вели таа.
Иако признава дека денес постои македонски идентитет кај дел од населението, Кочева предупредува: „Да, тие луѓе денес се чувствуваат како Македонци и тоа никој не може да го негира. Но, тоа чувство е резултат на политички процеси од последните 70-80 години, а не на вековна традиција.“
Истовремено, таа укажува дека Бугарите во Северна Македонија и понатаму се мета на институционална дискриминација и судски прогон. „Секој што јавно ќе се декларира како Бугарин ризикува стигматизација или притисок“, предупредува професорката.
Проф. Кочева остро ја критикува бугарската дипломатија за неактивност. Таа смета дека додека Скопје вложува огромни напори за меѓународно признавање на својата верзија на историјата, Софија молчи. „Ако не зборуваме јасно и гласно, ќе нè надгласаат со наративи што не ја одразуваат историската вистина“, додава Кочева.