20 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Изјава на професорката по француски јазик, Дореана Христова, од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, предизвика остра реакција во јавноста, откако таа остро го критикуваше политичкиот курс на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски во контекст на европската интеграција на Северна Македонија.
Според Христова, одложувањето на ставот на Бугарија за европскиот извештај за напредокот на Македонија, планирано за 24 јуни, е разбирливо и оправдано. Таа тврди дека во последниот период, земјата испраќа загрижувачки сигнали со приближувањето кон, како што го нарекува, „антиевропскиот триаголник“ составен од Србија, Унгарија и Русија – што, според неа, претставува „вистинска шпионска разорна бомба сред ЕУ“.
„Тоа што извештајот не се фокусира на реален напредок, туку се сведува на геополитички игри и сомнителни релации, е причина плус за Бугарија да го преиспита својот став,“ вели Христова.
Професорката изрази особена загриженост од, како што вели, „деструктивните империјалистички тенденции“ на тројцата политички лидери: Виктор Орбан, Александар Вучиќ и Христијан Мицкоски, обвинувајќи ги за „сталинистички манири и диктаторски командувања“.
„Во ваков сојуз со Мицкоски, кој покажува сериозен демократски дефицит, не само што се загрозува евроинтеграцијата, туку и се навредува визијата на творецот на Европската заедница – Шарл де Гол,“ нагласува Христова.
Таа остро го обвинува Мицкоски за политичка манипулација и ширење невистини во врска со односите со Бугарија, особено на темата за македонскиот идентитет.
„Неговите тврдења дека Бугарија не го признава нашиот идентитет се приказни за потсмев. Никој веќе не му верува – ни народот, ни Европа, ни самиот тој на себе,“ додава Христова.
Изјавата на професорката Христова предизвика бурни реакции на социјалните мрежи и медиумите, со поделени мислења меѓу поддржувачите на нејзиниот став и оние кои ја обвинуваат за политичка пристрасност.