Продолжува внатрепартиската кампања за лидер на СДСМ
Уште една недела внатрепартиска кампања за лидер на СДСМ, пред гласањето идната недела. Деспотовски, Филипче, Петровска и Бајдевски ги претставија своите програми пред членството во Кавадарци.
Потребна е промена на организациската поставеност за поголемо вклучување на членовите, порача Филипче. Според него, доколку се овозможи фер постапка без наметнати решенија, на 30-ти јуни ќе победи СДСМ.
Многу е важен и резултатот од самиот изборен процес на кој луѓето ќе треба да кажат дали се за континуитет или радикален дисконтинуитет со досегашните практики и политики, истакна Деспотовски.
Во програмата Славјанка Петровска ветува прогресивни политики во СДСМ, како и враќање кон корените на социјалдемократијата.
Еден од стратешките чекори што треба да ги направиме е да ја вратиме препознатливоста на СДСМ, порача меѓу другото, Александар Бајдевски.