14 март 2026
• од Станча Јаќимовски
На 14 март 2026 година во 02:40 часот, во СВР Тетово било пријавено од Ургентниот центар во Тетово дека кај нив е донесен 63-годишниот М.Б. од Тетово со повреди нанесени од остар предмет.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, по преземените мерки било утврдено дека претходно М.Б. престојувал во објект во рамки на трговски центар, каде што консумирал алкохол заедно со лицето Б.И.
Меѓу двајцата дошло до вербална расправија, при што Б.И. употребил остар предмет – нож и го повредил М.Б.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

