Приведен крадец во Радовиш: Осомничен за повеќе кривични дела, следува пријава
На 19 мај 2025 година, во Полициската станица Радовиш бил извршен службен разговор со 21-годишниот А.А. од село Злеово, кој претходно бил приведен поради учество во физичка пресметка со уште три лица во истото село.
При разговорот со полицијата, А.А. признал дека во периодот од јануари до мај 2025 година сторил неколку тешки кривични дела на подрачјата на Радовиш и Струмица. Тој признал дека извршил една „тешка кражба“ и едно „одземање на моторно возило“ во Радовиш, како и уште две кривични дела „одземање на моторно возило“ на територијата на Струмица.
Од осомничениот биле одземени предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела. За случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на настаните, против А.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Истражните органи продолжуваат со постапката со цел расветлување на сите околности поврзани со делата.