Приватните превозници ќе возат согласно возниот ред, долгот ќе се сервисира според договореното
Јавниот превоз денеска функционира непречено. Приватните превозници продолжија да возат согласно со возниот ред, а долгот ќе им се сервисира со динамиката која приватниците и в.д. директорот на ЈСП Скопје, Драги Кушовски, ја договорија непосредно по неговото наименување на чело на претпријатието, информираа од ЈСП.
Двете страни одржаа втора средба на која го потврдија претходно договореното. Во меѓувреме, Јавното сообраќајно претпријатие во соопштение демантира дека градот Скопје има каков било долг кон приватните превозници. Во соопштението оттаму наведуваат дека приватните превозници имаат обврски кон град Скопје согласно со потпишаниот договор и нема никакви должничко доверителски односи.