27 мај 2025
• од Вардарски
Љупчо Георгиевски, претседател на забранетиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола, жестоко реагираше по одржувањето на судското рочиште против него, опишувајќи го целиот процес како политичка фарса, а не правна процедура.
„Ова не е судски процес – ова е епизода од Монти Пајтон, само што без хумор и со обвинителот во главната улога,“ изјави Георгиевски. „Во едната рака држи обвинителен акт, а во другата – политички факели. Само што, според нив, факелот не бил кај оној што го запали клубот, туку кај мене – затоа што, замислете, сум напишал нешто на Facebook.“
Во изјава што брзо се прошири на социјалните мрежи и медиуми, Георгиевски го критикуваше обвинителството за, како што вели, извртување на правдата и пренасочување на вината од конкретното дело – палење на просториите на клубот – кон, како што тврди, слободното изразување на мислење.
Како особено апсурдна ја наведе изјавата на обвинителството поврзана со повикувањето на Ламбе Алабаковски како сведок:
„Сведокот Ламбе Алабаковски не беше повикан, за да се возвеличи тоа што тој го направил со палењето на просториите на клубот, туку за да покажеме на судот и на јавноста дека негирањето на македонскиот народ и неговата уникатност, преку дејствијата на обвинетиот во клубот и на Facebook, доведе до реални последици и до кривично дело, кое – само благодарение на брзата реакција на противпожарната служба – не заврши со многу посериозни последици за животот и здравјето на луѓето.“
Георгиевски, преведувајќи ја оваа изјава „од обвинителски на човечки јазик“, коментираше: „Не е виновен тој што пали – виновен е тој што мисли. Не се судат дејствија, туку мислења.“
На крајот од изјавата, Георгиевски саркастично предвиде каква пресуда очекува: „Виновен поради мисла и јазик, со отежнувачки околности како лично мислење.“
Случајот предизвика бројни реакции во јавноста и покрена дебата за границите помеѓу слободата на говорот, националниот идентитет и политичките интерпретации на правдата. Судот ја одложи пресудата за наредната седмица.