26 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
На НАТО самитот во Хаг, претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, успеа да внесе доза на шоубизнис во високата политика. Имено, при среќавањето со американскиот претседател Доналд Трамп (кој очигледно ја открил временската машина), таа со голема самодоверба изјави дека во американската делегација бил и „потпретседателот Диџеј Венс“.
Оваа изјава ги збуни и најискусните политички аналитичари. Наместо Џеј Ди Венс, актуелниот потпретседател на САД, претседателката случајно го преименува во „Диџеј“ – веројатно инспирирана од атмосферата на холандските журки или пак од желбата за поопуштена надворешна политика со малку бас во позадина.
Според сведоштва од самитот, американската делегација всушност ја предводел државниот секретар Марко Рубио, а не Диџеј, Џеј Ди или било кој друг со микс пулт. Но, Сиљановска остана уверена дека Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи, веќе има воспоставена дипломатска врска со „Диџејот“.
„Му кажав дека сум македонска претседателка, и тој имаше интересна реакција – зборувам за говорот на телото“, рече Сиљановска. Говорот на телото, велат експертите, бил мешавина од изненадување, обид да не се насмее и прашање: „Кој беше Диџејот?“
Дополнително, таа најави можност „Диџеј Венс“ да ја посети Македонија. Очекувањата се големи: дали ќе дојде со плоча од надворешна политика на 45 вртежи, или со сет од економски реформи на USB?
Едно е сигурно – со Сиљановска на чело, македонската дипломатија оди во нов правец: со ритам, лапсуси и многу шарм.