Премиерот Мицкоски во посета на општина Гевгелија
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе ја посети општина Гевгелија каде ќе присуствува на пуштање во употреба на новиот булевар до Граничниот премин Богородица.
Булеварското решение со кое Гевгелија се поврзува со автопатот чини 19 милиони денари и се реализираше во две фази, соопштуваат од Влада.
Вториот проект на кој ќе присуствува претседателот на Владата Мицкоски е означување на почеток на реконструкција на спортската сала ДТВ „Партизан“ во општина Гевгелија, проект кој е вреден над 16 милиони денари.
По завршување на настаните предвидено е изјава за медиуми, најавија од владината прес-служба.