МАКЕДОНИЈА

Прекршочна пријава за нелегален приклучок на булевар „Словенија“

03 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје поднесе прекршочна пријава против правно лице од село Глумово, општина Сарај, поради нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација на булевар „Словенија“.

По добиена пријава, екипи од СВР Скопје извршиле увид на теренот и утврдиле дека е извршен ископ на булеварот со цел приклучување на објект, во сопственост на наведеното правно лице, на атмосферската канализација. Овој приклучок бил направен спротивно на законските прописи и без соодветна дозвола.

Во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, против правното лице и одговорното лице во него се преземени соодветни мерки, а поднесена е и прекршочна пријава согласно член 14 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Надлежните институции најавуваат дека ќе продолжат со контроли и соодветни постапки против сите прекршители што ја загрозуваат безбедноста на јавната инфраструктура и животната средина.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени