МАКЕДОНИЈА

Прекината истрагата за Панчо од ДНК

16 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција поднесе обвиненија против 34 физички и три правни лица во врска со трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани, при што животот го загубија 62 млади лица, 157 беа тешко повредени, а уште 54 полесно.

На денешната прес-конференција, јавниот обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека постапката се запира за единаесет лица поради недостаток на докази, додека за две лица се прекинува. Меѓу нив е и Владимир Блажев – Панчо од музичката група „ДНК“, за кого истрагата се прекинува додека трае неговото лекување. Вториот е управителот на фирмата, кој почина во болница.

Во листата на обвинети се вклучени сопственици и управители на клубот, градежни инспектори, актуелни и поранешни градоначалници на Кочани, директори и службеници од државни институции, припадници на обезбедувањето, како и архитекти кои нелегално изготвувале документи.

Постапката е запрена и за двајца поранешни министри – Дритон Кучи и Беким Незири – поради недостаток на докази. Сепак, Коцевски нагласи дека доколку се појават нови докази, процесот може да продолжи. Од Министерството за економија обвинети се и Крешник Бектеши и Ваљон Сарачини, како и пет државни службеници и генерален секретар.

Меѓу обвинетите е и братот на сопственикот на клубот „Пулс“, кој ги продавал билетите. Тој, во координација со брат му – првообвинетиот – овозможувал работа на клубот без исполнети безбедносни услови, продавал повеќе влезници од дозволениот број и така овозможувал присуство на многу повеќе лица од дозволеното.

Обвинети се и тројцата градоначалници на Кочани, вклучувајќи го и актуелниот, кои не го известиле МВР и Министерството за економија за неправилностите во работата на „Пулс“ и не наредиле инспекциски надзор, иако клубот уплаќал 2.000 евра на општинската сметка.

Во акцијата на обвинителството приведени се и 13 лица со полициски овластувања, осомничени за сериозни кривични дела против општата безбедност.

Јавниот обвинител Коцевски посочи дека сите институции што биле во синџирот на одговорност имале обврска да спречат ваква трагедија, но никој не постапил. Според него, истрагата е темелна, а доказите јасно укажуваат на системска небрежност, корупција и прикривање – фактори кои довеле до една од најстрашните трагедии во поновата историја на Македонија.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени