МАКЕДОНИЈА

Пожарот во Вардариште остави Аеродром и делови од Исток без струја – 47.000 без струја

12 јуни 2025

• од Гоце Кически

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје информира дека Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) денеска околу 12:00 часот интервенира на голем пожар кој избувнал во кругот на депонијата Вардариште.

Гори сува трева и отпаден материјал на голема, засега неутврдена површина. Во гаснењето се ангажирани седум противпожарни возила и најмалку дваесет пожарникари.

Поради сериозната опасност од ширење на огнот кон трафостаници и електрични водови, по барање на Противпожарната бригада, екипите на Електродистрибуција ги исклучија трафостаниците „Скопје 4 - Аеродром” и „Скопје 4 - Исток”. Оваа мерка беше преземена превентивно за да се избегнат поголеми штети и евентуални несреќи.

Во моментов, околу 47.000 корисници во општината Аеродром и делови од Исток се без снабдување со електрична енергија. Од Електродистрибуција информираат дека напонот ќе биде повторно воспоставен веднаш по добивање на потврда од Противпожарната бригада дека теренот е безбеден и дека пожарот е целосно изгаснат.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени