04 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Во јавноста се појави видео објава која прикажува сериозна состојба со поплава на влезот од новиот Градски пазар во Битола. Советниците од Општина Битола, Габриела Илиевска и Иван Чулакоски, објавија снимка на која се гледа дека делови од пазарот се под вода, на што саркастично се осврнаа велејќи дека пазарот личи на „скандинавско езеро“.
„По реакција на граѓани, вторник, ден пазарен, се обидовме да одиме во Градскиот пазар во Битола. Тој е одличен пример за скандинавско езеро, но како што можевте да видите, тој тоне – како што тоне и Битола“, изјавија Илиевска и Чулакоски.
Советниците остро ја критикуваа и хигиената во пазарот, посочувајќи дека тоалетите се во ужасна состојба – неисчистени и со силна непријатна миризба, што, според нив, претставува сериозна закана за здравјето во 21 век. „Скандинавска Битола“, додадоа иронично.
Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи, предизвикувајќи реакции од граѓаните кои бараат одговорност и итни мерки за санација на пазарот. Останува да се види дали општинските власти ќе реагираат на овие критики и ќе ги решат проблемите со инфраструктурата и хигиената во објектот кој треба да биде централно место за трговија и снабдување на битолчани.