МАКЕДОНИЈА

Полемика во МПЦ – ОА: Јавноста реагира на новиот предлог за митрополит

31 мај 2025

• од Станча Јаќимовски

Во време кога Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) се соочува со нови предизвици и духовни искушенија, еден глас на загриженост одекна низ социјалните мрежи. Филип Кокароски, потомок на истакнат јеромонах и духовно поврзан со историјата на МПЦ – ОА, преку својот јавен став изрази длабока загриженост за насоката по која се движи нашата света Црква.

Според него, предложувањето на лице за митрополит на Дебарско-Кичевската епархија кое е само две недели во монаштвото и едвај 16 дена во јеромонашки чин е сериозен повод за аларм. Како што наведува, со сета почит кон Архиепископот г.г. Стефан и духовното чедо Георги – досегашен декан на Богословскиот факултет, ваквиот предлог до Синодот не е достоен и претставува избрзана одлука.

Кокароски не говори од позиција на обичен набљудувач, туку како правнук на јеромонах Глигорие Попоски – човекот кој го облекол во монашка одежда првиот Архиепископ на возобновената МПЦ – ОА, г.г. Доситеј. Ова, како што вели, му дава морално право да проговори, да повика на разум и да го изрази својот став за одлуката што би можела да предизвика уште подлабоки поделби во Црквата.

„Доста е, браќа и сестри, делби и поделби на народот! На народот не му треба повторно раскол во домот Христов. На народот му треба духовност, љубов и прошка“, вели тој, апелирајќи за враќање кон вистинските вредности.

Притоа, Филип Кокароски го посочува достојниот пример на игуменот на Бигорската обител и Епископот Антаниски г. Партениј – личност со длабоки монашки корени и предано служење на Христа. Тој повикува да се погледне неговиот духовен пат, неговата љубов кон Бог, како и посветеноста кон монаштвото и народот.

Во емоционалниот крај на неговото обраќање, тој ги повикува сите верници да се вратат кон основата – кон Христовата љубов, смирение и заедништво. „Прости им, Старче, не знаат што прават!“ – завршува статусот, со трогателен повик за прошка и единство.

Во време кога црковните одлуки предизвикуваат бурни реакции, важно е да се слушне и гласот на верникот, на оној што ја љуби Црквата и се грижи за нејзината иднина. Зашто, како што поучува Христос – по делата ќе ги познаете.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени