TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Поднесена кривична пријава против 10 лица за запленетите 40 тони марихуана, истрагата се проширува

22 февруари 2026

• од Станча Јаќимовски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека е поднесена кривична пријава против десет лица осомничени за поврзаност со нелегално производство и пуштање во промет наркотична дрога, во рамки на истрагата за запленетите 40 тони канабис.

Во телевизиско гостување на ТВ 21, Тошковски посочи дека двајца од осомничените веќе се во краткотраен притвор од 48 часа. Истрагата ја води Министерството за внатрешни работи во координација со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција и е поврзана со случајот на заплена на дрога во соседна Србија, за која постојат индиции дека потекнува од производствени капацитети за т.н. медицински канабис во државата.

Обемна истрага и основани сомненија

Според министерот, кривичната пријава е резултат на обемна истрага и преземени активности во изминатиот период.

„Во оваа фаза од истрагата е поднесена кривична пријава за десет лица за кои имаме основано сомнение дека се директно или индиректно поврзани со нелегално производство и пуштање во промет на произведената дрога. Имаме и основани сомненија дека овие лица се поврзани со транспортот на марихуаната што беше запленета во Србија“, изјави Тошковски.

Во рамки на контролите спроведени во производствените капацитети низ земјата, одземени се околу 40 тони марихуана. Надлежната комисија утврдила дека дрогата не била третирана согласно законските прописи.

„Индициите што ги имавме за нелегално производство, третман и чување се покажаа како точни и затекнатата дрога, за која е утврдено дека не е третирана согласно закон, е одземена“, нагласи министерот.

Дел работеле законски, дел со сериозни незаконитости

Спроведените контроли покажале дека дел од компаниите работеле целосно законски и професионално, но кај други биле утврдени сериозни незаконитости, поради што марихуаната е одземена.

„Се поставува прашањето каде ќе завршеле тие 40 тони дрога доколку не ги одземевме“, рече Тошковски.

Досега биле извршени контроли во десетина правни лица. Кај три од нив било констатирано професионално работење согласно закон, неколку немале произведена дрога во моментот на контролата, а кај останатите биле утврдени неправилности.

Соработка со српските органи

Во однос на заплената во Србија, Тошковски посочи дека постојат докази кои упатуваат дека дрогата влегла од Македонија, а истрагата се води во тесна соработка со српските надлежни органи.

Тој го отвори и прашањето за начинот на кој толкава количина наркотична дрога влегла на територијата на Србија, имајќи го предвид системот на заеднички гранични контроли.

„Не е прашањето како излегла од Македонија, туку како влегла во Србија“, изјави министерот, појаснувајќи дека согласно системот со едно застанување, македонските полициски службеници го контролираат влезот во Македонија, додека српските органи се надлежни за влезот во Србија.

Ќе следуваат нови контроли

Паралелно со истрагата, Владата го задолжила Министерството за здравство и надлежната комисија, во соработка со МВР и други институции, да спроведат контроли во сите лиценцирани производствени капацитети за медицински канабис.

Тошковски најави дека контролите ќе продолжат и во наредниот период, со цел целосно утврдување на фактичката состојба и санкционирање на сите незаконитости кај правните лица што во минатото добиле лиценци за производство на марихуана за медицински цели.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
22 февруари 2026

Млад маж загина откако беше удрен од метална конструкција во Скопје

МАКЕДОНИЈА
22 февруари 2026

Салиу: ФФМ е во служба на политиката – двојни стандарди и притисоци врз албанските клубови

МАКЕДОНИЈА
22 февруари 2026

Али Ахмети дел од Советот за организирање на Епопејата на УЧК

МАКЕДОНИЈА
22 февруари 2026

„Претседателката е обична лажливка“: Најчевска со критика по бришењето стар пост на Сиљановска

МАКЕДОНИЈА
22 февруари 2026

Притвор од 30 дена за тројца Суданци осомничени за разбојништво во Кисела Вода

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
22 февруари 2026

Данска влада издвојува 190 милиони долари за зајакнување на борбената готовност

СВЕТ
22 февруари 2026

Еврозоната ја позиционира Бугарија на мапата на глобалните инвеститори

МАКЕДОНИЈА
22 февруари 2026

Адеми: На два спортски натпревари Албанците се третирани како граѓани од втор ред

ДРУГО
22 февруари 2026

Денеска 22 февруари 2026 година е Прочка – ден за простување и помирување

СВЕТ
21 февруари 2026

Кукерите го преплавија Карлово: Стар бугарски обичај ги брка злите сили

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СПОРТ
21 февруари 2026

Тензичен финиш и минимална победа на Вардар против Башкими

СВЕТ
21 февруари 2026

Bulgaria Sat ја позиционира Бугарија меѓу водечките вселенски сили во ЕУ

СВЕТ
21 февруари 2026

Почнува изборната битка во Унгарија: Орбан под најсилен притисок досега

ДРУГО
21 февруари 2026

Срцепарателна сцена: Напуштеното мајмунче Панч што најде утеха во плишана играчка

МАКЕДОНИЈА
21 февруари 2026

ЕУ Делегацијата во Северна Македонија со проекција на „Порцеланска војна“ за четири години од инвазијата врз Украина

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
21 февруари 2026

Засилени контроли во Кавадарци и низ државата: санкционирани десетици возачи

СВЕТ
21 февруари 2026

Бугарските биатлонки Христова и Тодорова во Топ 20 на масовениот старт во Милано/Кортина

МАКЕДОНИЈА
21 февруари 2026

На денешен ден пред 27 години (1999): Георгиевски во прва историска посета на Софија

МАКЕДОНИЈА
21 февруари 2026

Филипче: Вистинскиот булинг врз народот го прават Мицкоски и ВМРО-ОКГ

МАКЕДОНИЈА
21 февруари 2026

Селмани: Медиумите создаваат негативен наратив за ЕУ и Бугарија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
21 февруари 2026

Нов чекор на НАТО за поголема регионална безбедност

МАКЕДОНИЈА
21 февруари 2026

Бугаринот Криско ја разгоре Струмица: Меѓу нас може и треба да има само пријателство

МАКЕДОНИЈА
21 февруари 2026

СДСМ: Чанта од 30.000 долари на сопругата на Ѓорѓиевски

ВРЕМЕ
21 февруари 2026

Временска прогноза за 21 февруари 2026

ДРУГО
21 февруари 2026

Денес 21 февруари 2026 година се празнува Светиот великомаченик Теодор Стратилат

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
20 февруари 2026

Бугарија втора во ЕУ: речиси секое трето патување е со авион

ДРУГО
20 февруари 2026

Епископ Партениј: Од празен храм до духовно препороден манастир

МАКЕДОНИЈА
20 февруари 2026

Закана за масовно убиство преку „Discord“ — полицијата со помош на САД спречи можен терористички напад

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега