23 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24 проценти во однос на одлуката од 16 февруари 2026 година.
Новите цени стапуваат во сила од 24 февруари 2026 година во 00:01 часот.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари по литар.
Од полноќ максималните цени ќе изнесуваат:
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 денар по литар.
Новите максимални цени ќе бидат:
Малопродажната цена на Мазут М-1 НС се зголемува за 0,637 денари по килограм и од полноќ ќе изнесува 34,520 денари за килограм.
Од РКЕ напоменуваат дека станува збор за максимални цени на нафтените деривати кои ќе важат од 00:01 часот на 24 февруари 2026 година.
Со новата одлука, граѓаните кои планираат да наполнат гориво можат да го сторат тоа по старите цени само до полноќ, по што на сила ќе стапат повисоките износи.
СДСМ: „Како нема ниту една камера за 5 тони дрога, а има камери за Груби?“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

