27 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Сопственикот на дискотеката „Пулс“ ја платил глобата која Управата за јавни приходи (УЈП) ја изрече поради утврдени неправилности при готовински плаќања, изјави директорката на УЈП, Елена Петрова. Таа појасни дека, иако по плаќањето на глобата не било потребно да се блокира жиро-сметката, дошло до недоразбирање поради кое бил запечатен кафе-барот што истата фирма го поседува.
„Во дискотеката ‘Пулс’ беа спроведени контроли од страна на УЈП и беа применети мерките согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања. При прва контрола каде што се утврдуваат неправилности се изрекува глоба, а ако глобата не е платена, се преминува кон привремена забрана за вршење дејност од 30 дена. При втора контрола во рок од две години, веднаш се изрекува привремена забрана за вршење дејност. Овие законски процедури се применети и во ‘Пулс’,“ појасни Петрова.
Според неа, откако глобата за дискотеката била навреме платена, не требало да следува запечатување. Сепак, поради недоразбирање околу тоа на кој објект се однесува мерката, бил затворен кафе-барот кој припаѓа на истата компанија.
„Имаме два објекта во рамки на истата фирма, поради што настанала конфузија околу тоа каде треба да се примени мерката запечатување. Запечатувањето било извршено врз кафе-барот, додека кај дискотеката беше применета мерката глоба, која беше платена,“ рече директорката Петрова на денешната прес-конференција во УЈП.
Ова појаснување следува откако дел од родителите на младите кои загинаа во трагедијата во Кочани реагираа за работењето на дискотеката, барајќи одговори за тоа како се одвивале контролите на надлежните институции.