30 мај 2025
• од Вардарски
Група пензионери вчера излегоа на протест во Свети Николе, барајќи линеарно зголемување на пензиите, наместо досегашниот процентуален модел. Со транспаренти и јасна порака, тие изразија незадоволство од начинот на кој се усогласуваат пензиите и најавија дека ќе го условат своето гласачко право на претстојните избори со исполнување на ова барање.
Трајче Станојков, претставник од Иницијативниот одбор на пензионерите, порача дека само преку линеарно зголемување може да се обезбеди достоинствен живот за сите пензионери и да се намалат големите разлики меѓу највисоката и најниската пензија.
„Да продолжиме да си го бараме тоа истото покачување, односно усогласување на пензиите линеарно, не процентуално,“ истакна Станојков пред насобраните граѓани.
Поддршка добија и од пензионерите од други градови. Трајче Митев од Штип изјави дека обединетоста е клучна: „Ако заеднички делуваме, може да го постигнеме посакуваното.“
Покрај барањето за промена во начинот на усогласување на пензиите, пензионерите побараа и оставка од претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери, Станка Трајковска, изразувајќи незадоволство од нејзината работа и застапеност на нивните интереси.
Протестот заврши со јасна порака до надлежните институции: ако до септември не се донесе одлука за линеарно усогласување на пензиите, тие нема да учествуваат на изборите во октомври. Пензионерите порачаа дека нивниот глас има тежина и ќе го употребат како средство за притисок доколку нивните барања останат игнорирани.
Расчистен случајот со пукањето во Тетово – лишени од слобода двајца малолетници
Проф. Стефан Дечев: Пиринска Македонија е единствениот слободен македонски краj