23 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Македонската јавност е потресена по објавата на мајка од Скопје, која на Фејсбук сподели видео од страшен семеен инцидент – нејзиниот поранешен партнер, татко на трите деца, крвнички ја тепа нивната 4-годишна ќерка. Објавата беше проследена со трогателен опис:
„Зарем вакво детство заслужува едно дете? Без причина, затоа што има болни умови и не размислуваат во моментот, нашле да покажуваат сила на деца... 💔
Инцидентот се случил во сабота наутро, додека мајката приготвувала јадење, а трите сестри, на возраст од 3, 4 и 9 години, си играле. Девојчето се качило на кревет за да ги земе играчките, а токму тоа предизвикало бес кај 28-годишниот татко, кој веднаш започнал да ја навредува и да ја удира со шлаканици по лицето.
Мајката напиша:
„Детето има телесни повреди и набиења на лицето, а сите три ќе имаат доживотни трауми. И пак јас сум виновна што сум пријавила и сакам децата да си ги заштитам. Детството е најубавиот период, а некој вака да им го уништи... Не може.“
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 28-годишниот скопјанец за кривично дело – Телесна повреда согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека осомничениот, во нивниот семеен дом во населбата Драчево, телесно ја повредил својата ќерка родена во 2021 година, нанесувајќи ѝ набиења на главата и гребаници на кожата на лицето. Покрај физичките напади, осомничениот и се заканувал со убиство.
Според обвинителството, таткото подолго време манифестирал агресивно однесување и претставува ризик за безбедноста и психофизичкиот развој на децата.
Судот го прифатил предлогот на обвинителството – осомничениот е во притвор, бидејќи постои опасност од повторување на насилството, како и од бегство со цел избегнување на одговорноста.