26 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Вкупно 81 вработен во РЕК Битола денеска до 15 часот побарале лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни тегоби, повраќање и покачена температура.
Според изјавата за медиумите на инфектологот Хараламбос Сидиропулос, сите пациенти биле примени со слична клиничка слика и им била укажана соодветна медицинска помош.
„Во нашето одделение се јавија 81 лице со стомачни проблеми, повраќање и температура. Сите се со иста клиничка слика и како причина наведоа консумирање на храна – лазањи со сос во кујната на РЕК Битола. Поголемиот дел од пациентите се со лесна клиничка форма, дел примија инфузиона терапија, додека едно лице е задржано и упатено на Интерното одделение за понатамошно лекување“, изјави Сидиропулос.
Најголем дел од засегнатите работници се пуштени на домашно лекување, додека здравствените власти продолжуваат да ја следат нивната состојба.
Инцидентот бил регистриран во текот на денешниот ден, а надлежните институции веќе спроведуваат проверки и лабораториски анализи со цел да се утврди точната причина за појавата на симптомите. Се испитуваат условите за подготовка и складирање на храната, како и можната контаминација.
Од институциите најавуваат дека јавноста дополнително ќе биде информирана по завршување на истрагата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

