Османи: Кога Албанец ја претставува државата, победува секој граѓанин
Во моменти кога иднината на една држава зависи од зрелоста на нејзините лидери, секој збор има тежина. Кога премиер на една држава јавно ќе го доведе во прашање легитимитетот на министер – не заради неговата работа, туку заради неговото етничко потекло – тоа не е само политичка грешка. Тоа е длабока навреда кон соживотот, кон самата идеја за заедничка држава.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, недвосмислено ја осуди ваквата реторика, нарекувајќи ја „најантидржавната изјава дадена од еден премиер во последните децении“. Со силен глас Османи потсети дека тој не преговарал како Албанец, туку како Министер за надворешни работи на Република Северна Македонија.
"Не ја претставував мојата етничка заедница. Ја претставував државата во целост – секој граѓанин, без разлика на неговото потекло," рече Османи. И токму тоа е суштината на вистинската државност.
Бујар Османи, како Албанец, ја водеше земјата во некои од најзначајните дипломатски победи:
- Под негово раководство, Северна Македонија стана претседавач со ОБСЕ во најголемата политичка криза на континентот.
- Со негова иницијатива, земјата воспостави Стратешки дијалог со САД, подигнувајќи го партнерството на највисоко можно ниво.
- Нашата земја беше доверена како домаќин на дијалогот меѓу Косово и Србија, финално крунисан во Охрид.
Ова се резултати кои ја надминуваат етничката припадност. Ова се државнички подвизи. И токму затоа, кога се напаѓа Бујар Османи за неговото албанско потекло, се напаѓа не само тој како личност, туку самата идеја дека оваа држава припаѓа на сите нејзини граѓани.
"Албанците нема повеќе да дозволат некој друг да им ги избира претставниците. Ние самите ќе го сториме тоа," порачува Османи – порака што е не само за Албанците, туку за секој кој верува во рамноправност, во заедништво и во вистински демократска Македонија.
Денес, гласот на еден Албанец што ја претставува Република Северна Македонија на светската сцена е доказ дека оваа земја може да биде дом на сите, ако ја чуваме и градиме заедно.